„30 години германско-македонска соработка“
На покана од Германската амбасада Скопје, а по повод „30 години германско-македонска соработка“, ДПД Свети Николе ја презентираше донираната противпожарна опрема и возило (CF MOTO 850ccm) од страна на амбасадата пред присутните граѓани, организации и институции. На настанот кој се се оддржа на 17.09.2022 година во Градски парк (Школка). Донираната опрема и 4 противпожарни возила ја презетираа и демонстрираа 8 доброволни пожарникари и 4 претставници на партнерската организација Операција Флоријан од Велика Британија. Настанот го отвори амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, нејзината екселенција г-ѓа Анке Холштајн.