Стани член
Член на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе е лице кое е активно вклучено во работата на друштвото, го поддржува, и придонесува за развојот на друштвото.
Членот има обврски да ги почитува и дисеминира основните принципи, да го унапредува и активно да учествува во работата на друштвото, да го прифати и почитува Статутот, да го почитува и заштитува амблемот, да бира и биде биран во органите и телата на друштвото, да се оспособува за извршување на конкретни задачи, да доставува предлози и прашања и да иницира теми за расправа до структурите во друштвото.
Доколку сакате да станете член на ДПД, ве молиме испратете ни Ваши податоци на нашиот е-маил dpdsvetinikole@gmail.com