Доброволното противпожарно друштво Свети Николе како потписник на Кодексот за граѓански организации, апелира до сите организации да го потпишат, во насока на зајакнување на системот на саморегулација и придонес до поголема професионалност, транспарентност и отчетност на граѓанските организации. 

ПРЕЗЕМИ КОДЕКС ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ПРЕЗЕМИ ВОДИЧ ЗА КОДЕКС ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Кодексот за граѓански организации има за цел да го зајакне системот на саморегулација и да придонесе до поголема професионалност и отчетност. Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме денес е градењето на доверба со граѓаните и пошироката јавност. Како граѓански организации кои делуваме на локално и национално ниво треба да обезбедиме поширока отчетност за својата работа и со тоа да го потврдиме својот јавен интерес во процесите на креирање на политиките кои се од интерес за граѓаните, а за кои добиваме ресурси. Овој Кодекс е доброволен, а секоја граѓанска организација која ќе му пристапи презема одговорност за почитување и практикување на заложбите, вредностите и стандардите утврдени во него. Кодексот е жива материја и ќе биде промовиран и унапредува од страна на граѓанските организации доследно и континуирано.

Подготовката на овој Кодекс за граѓански организации произлезе како иницијатива на организациите кои се дел од неформалната мрежа за транспарентност и отчетност на граѓански организации која беше формирана во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“. Во рамки на оваа програмата се реализираа 29 ре-грантови за подобрување на транспарентноста и отчетноста. А, грантистите како критична маса на граѓански здруженија кои работеа на подобрување на својата транспарентност и отчетност беа основата за формирање на мрежата. Дополнително, во рамки на мрежата се вклучија и организации кои веќе ја покриваат темата и работат на полето за добро управување и саморегулација.

51 граѓанска организација веќе се потпишаа, а сите заинтересирани организации кои сакаат да пристапат на Кодексот ќе може да го направата тоа пополнувајќи ја следната изјава (deklaratë për pranimin e Kodit). Изјавите се депонираат во Македонскиот центар за меѓународна соработка на следниот емаил: asv@mcms.mk и се разгледуваат од организациите потписнички како дел од неформална мрежа за транспарентност и отчетност на граѓански организации. Граѓанските организации кои ќе пристапат на Кодексот, потребно е да известуваат за имплементацијата на Кодексот во своите годишни организациски извештаи, соопштат на своите социјални медиуми и слично. Следни чекори за развој на Кодексот се воспоставување на механизам за следење на имплементацијата на Кодексот откако истиот ќе биде промовирам и споделен со поширокото граѓанско општество.

Повеќе информации може да добиете  на следниот емаил: asv@mcms.mk или тел: 070 414 669 (Александра Савевска, соработничка на проекти во МЦМС).

* Текстот е превземен од  МЦМС