Проект: „Градење на безбедна иднина, преку целосно истражување и анализа на противпожарниот сектор во Република Северна Македонија“ во рамките на проектот СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, кој го спроведува Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) во партнерство со Centar za promociju civilnog drustva (CPCD) и Институтот за демократија и медијација (ИДМ), финансиски поддржан од Министерство за надворешни работи на Кралството Норвешка.
Цели на проектот:
Општа цел (импакт)
Да се зајакнат капацитетите на противпожарниот сектор во Северна Македонија преку сеопфатно истражување, анализа на ресурсите и создавање на сеопфатна база на податоци, поставена на нова веб платформа за унапредување на безбедноста и ефикасноста на противпожарната служба.
Специфични цели (резултати)
- Изработка на деталена анализа на постоечките човечки ресурси, опрема и возила во противпожарниот сектор во РС Македонија.
- Креирање на централизирана база на податоци, поставена на веб платформа со сите информации за ресурсите во противпожарниот сектор во РСМ во процесот на управувањето со пожарите и останатите кризни ситуации.
- Воспоставување партнерства за градење на перманентна соработка со надлежните државни институции, локални власти и граѓанските организации за зајакнување на капацитетите во противпожарниот сектор.
Очекувани резултати
Р1.Изработена анализа за човечките и материјално-техничките ресурси на целокупниот противпожарен сектор за поефикасно управување и планирање со истите
Р2. Креирана база на податоци и нејзино поставување на нова веб платформа, основа за создавање на 10 годишна стратегија за развој на противпожарниот сектор
Р3. Создаден силен мрежен партнерски систем за соработка во противпожарниот сектор во државата.
Релевантност на проблемот и предложениот проект
Противпожарниот сектор во Република Северна Македонија се соочува со значителни недостатоци во однос на модерната опрема, ограничени ресурси и човечки капацитети, што негативно влијае врз способноста за брза и ефикасна реакција на пожари и други итни состојби. Ова предизвикува ризик за безбедноста на граѓаните, инфраструктурата и животната средина. Во услови на зголемени климатски предизвици, постои зголемена потреба од стратешко планирање и модернизација на противпожарниот систем.
Предложениот проект ќе се фокусира на истражување на тековната состојба во противпожарниот сектор (професионален и доброволен) и создавање сеопфатна база на податоци за постојните ресурси. Врз основа на оваа анализа, ќе се изработи и веб платформа која ќе обезбеди транспарентност и ефективно управување со ресурсите на национално и локално ниво. Проектот исто така ќе ги засили релациите со релевантни државни институции како што се Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Центарот за управување со кризи (ЦУК), ЗЕЛС, и единиците на локалната самоуправа, овозможувајќи подобра координација и заедничко дејствување.
Овој сеопфатен пристап ќе придонесе кон долгорочно решение за модернизација на противпожарниот сектор, преку стратешко планирање и интеграција на современи практики во инфраструктурата, човечките ресурси и опремата. Наместо да се фокусира само на еден аспект, проектот ќе овозможи детална анализа на целокупните ресурси и ќе постави темел за идни активности и апликации пред ЕУ и други меѓународни донатори.


Признание од Кралската норвешка амбасада во Белград
Кралската норвешка амбасада во Белград објави LinkedIn пост во кој ја истакнува платформата Pozarni.mk како ново поглавје во противпожарната безбедност во Северна Македонија. Во објавата се препознава поддршката од Норвешка преку проектот SMART Balkans, како и придонесот на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе во создавањето на првата веб-платформа од ваков вид посветена на противпожарниот сектор во државата.
Амбасадата посочува дека платформата ги централизира податоците, ја унапредува транспарентноста и го поддржува стратешкото подобрување на противпожарната безбедност и одговорот при итни состојби, особено преку интерактивната мапа за противпожарни единици, опрема и интервенции.
Прочитајте ја LinkedIn објавата од Кралската норвешка амбасада во Белград
Целосна анализа на противпожарниот сектор
Целосната анализа „Анализа на противпожарниот сектор во Република Северна Македонија“ е достапна на веб-платформата Pozarni.mk. Анализата дава увид во човечките и материјално-техничките ресурси, интервенциите, возниот парк, инфраструктурата и клучните предизвици на противпожарниот сектор.
Отворете ја целосната анализа на Pozarni.mk

Отворете ја целосната анализа на Pozarni.mk:


