Подолу можете да го преземете Годишниот, наративниот и финансискиот извештај за 2023 година од Доброволното Противпожарно Друштво ДПД – Свети Николе.

 

ПРЕЗЕМИ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА 2023

 

ЗА НАС

Ние сме доброволна, непрофитна, хумана организација од доменот на противпожарната заштита, која во континуитет работи и функционира од 1935 година. Со голема љубов и посветеност ние гаснеме пожари за зголемување на безбедноста на целокупното население и приридата. Нашите членови секогаш се подготвени да одговорат на потребите и барањата на заедницата, а со тоа и го надополнуваат недостатокот од пожарникари кои постои во противпожарниот сектор во државата. Имаме стекнато голема доверба од страна на населението, благодарејќи на добро обучениот тим, организациската структура и одличната противпожарна опрема и возила со кои располагаме. Нашиот тим секогаш е подготвен за брзи интервенции предизвикани од различни елементарни непогоди (пожари, поплави, земјотреси, ерозии, ветрови), сообраќајни несреќи и епидемии (КОВИД-19), но и вложуваме особен труд во реализирање на нашата програма за едукативни и превентивни акции со цел градење свесни и совесни граѓани, како и градење на животни вештини каj децата и младината преку образовниот систем, со кои за жал не можат да се стекнат преку програмите во образовниот процес.

 

ЦЕЛИ

ДПД Свети Николе ги дефинираше следните цели за периодот 2022 – 2025 и тоа:

  • Градење на функционална наменска гаража за 6 противпожарн возила;
  • Постигнување на долгогодишна финансиска одржливост;
  • Институционално jакнење на организацијата; и
  • Градење на мрежа на доброволни противпожарни друштва во РМ.