Неизмерно сме горди да објавиме дека ДПД Свети Николе со своја противпожарна единица во период од 12 до 15 јули 2024 зеде активно учество во напорите за ставање под  контрола на колосалниот пожар во областа Серта – Неготино, Република Македонија, кој за жал и за врема на оваа објава сеуште е активен.

Нашиот тим работеше неуморно и напорно во корелација и координација со екипите на ДЗС,  професионалните противпожарни единици од повеќе градови ширум земјата и други волонтери од разни локални институции (комунални претпријатија, ловечкото друштво и др), демонстрирајќи исклучителна храброст, посветеност и тимска работа.

Оваа предизвикувачка операција ги тестираше границите на нашите вештини и ресурси, но координираните напори и непоколебливата посветеност на сите вклучени противпожарни единици обезбедија пожарот да биде успешно контролиран. Нашите волонтери се спротивставија на големите горештини и опасните услови, за да ги заштитат имотите на локалното население и животната средина.

Ја изразуваме нашата срдечна благодарност до нашите храбри доброволци, професионалните противпожарни единици, екипите на ДЗС и сите волонтери кои рамо до рамо застанаа со нас во оваа битка.

Посебна благодарност до локалната заедница за нивната поддршка и соработка во овие критични моменти. Заедно, го покажавме вистинскиот дух на единство и издржливост.

Како и секогаш, нашето хумано друштво останува посветено и секогаш во служба за заштита на нашата заедница. Ќе продолжиме да се опремуваме, тренираме за да бидеме подготвени за сите идни предизвици.

Останете безбедни и Ви благодариме за континуираната поддршка.