Следејќи ги современите трендови за претставување на интернет, подобра и навремена информираност а воедно и водејќи се од начелата за доближување кон потребите на граѓаните како и подобрување на транспарентноста и отчетноста, ДПД Свети Николе изработи официјална веб страница каде што ќе бидат објавувани сите активности на друштвото.

Страницата има намена да ги едуцира и информира граѓаните, се со цел да бидат подобро запознаени со опасностите од пожарите и слични ситуации, како брзо да реагираат и да се заштитат.