Денес, 11.03.2022 год..членови на ДПД Свети Николе беа во работна посета на противпожарната станица на ОКТА АД Скопје. На посетата беа презентирани противпожарните возила и целокупната противпожарна и материјално-техничка опрема со која располага оваа противпожарна станица. Исто така преку показна вежба, пожарникарите  го демонстрираа начинот на работа и пристапот при интервенција. На посетата исто така беа разменети искуства и беше дискутирано околу понатамошна соработка помеѓу ДПД Свети Николе и противпожарната станица на ОКТА АД Скопје.