Доброволното противпожарно друштво Свети Николе (во понатамошниот текст: ДПД Свети Николе) го реализира проектот „Работи на себе за да можеш да им помогнеш на другите!!!“ во согласност со договорoт за грантирање бр. 11/126/1-2019 од 13.05.2019 година.

Проектот е во склоп со повикот од проектот за „Транспарентност и отчетност на граѓанските организации“, во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“, финансирана од Европската унија, а спроведувач на истиот Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС).

  • Спроведен четиридневен тренинг за зајакнување на капацитетите на извршните и одлучувачки структури и членството на ДПД Свети Николе.

Работилници:

  1. Транспарентност и отчетност одржана на 23.08.2019 год.
  2. Ефективна комуникација и комуникациски план одржана на ден 17.09.2019 год.
  3. Начини и алатки за ефективна комуникација одржана на ден 19.09.2019 год.
  4. Проектни и годишни наративни финансиски извештаи одржана на ден 26.09.2019 год.