Во рамките на проектот “Доброволните противпожарни друштва, активни опшествени чинители”, финансиски подржан од Civica Mobilitas од програмата Мали грантови ЦК- МАК-02, на ден 05.02.2021 во Доброволното противпожарно друштво “Бајрам Мифтари” Чаир се одржа работна посета. На средбата беше разговарано за работата на друштвата, за нови иницијативи во областа на заштитата и спасувањето од пожари и други непогоди и за проблемите и потребите на друштвата. Меѓу другото, во претходно изготвен Истражувачки список, беа внесени сите информации околу работата, членовите и сите материјално технички средства на ДПД “Бајрам Мифтари”. Резултатите од истражувањето, кое ќе се спроведе во сите активни ДПД-а според УЈП и ЦР, ќе ја прикаже целосната и објективната слика за тоа колку Доброволни противпожарни друштва функционираат во Македонија. Голема благодарност до сите членови и убавото гостопримство.