Во рамките на проектот “Доброволните противпожарни друштва, активни опшествени чинители”, финансиски подржан од Civica Mobilitas од програмата Мали грантови ЦК- МАК-02, на ден 25.02.2021 во Битола се одржаа работни посети во  Доброволното противпожарно друштво “Архангел” и  Доброволното противпожарно друштво  “Феникс”. На средбата беше разговарано за работата на друштвата, за нови иницијативи во областа на заштитата и спасувањето од пожари и други непогоди и за проблемите и потребите на друштвата. Како и во претходните работни посети во Скопје и Лозово, во Истражувачкиот список, беа внесени сите информации околу работата, членовите и сите материјално технички средства на ДПД “Архангел” и ДПД “Феникс”. Голема благодарност до сите членови и убавото гостопримство.