Во рамките на проектот “Доброволните противпожарни друштва, активни опшествени чинители”, финансиски подржан од Civica Mobilitas од програмата Мали грантови ЦК- МАК-02, на ден 28.05.2021 во Општина Демир Хисар се одржа работна посета во Доброволното противпожарно друштво „Демир Хисар“. На средбата беше разговарано за работата на друштвата, за нови иницијативи во областа на заштитата и спасувањето од пожари и други непогоди и за проблемите и потребите на друштвата.