На ден 11.06.2021 година се одржа работна посета во ДПД Дојран. Како и во претходните посети во доброволните противпожарни друштва, во рамките на проектот “Доброволните противпожарни друштва, активни опшествени чинители”, финансиски подржан од Civica Mobilitas од програмата Мали грантови ЦК- МАК-02, беше спроведена анализа за работата, активностите и капацитетите на ДПД Дојран. На средбата беше разговарано и за понатамошната соработка и партнерство помеѓу двете противпожарни друштва.
