Во рамките на проектот “Доброволните противпожарни друштва, активни опшествени чинители”, финансиски подржан од Civica Mobilitas од програмата Мали грантови ЦК- МАК-02, на ден 18.03.2021 во Општина Конче се одржа работна посета во Доброволното противпожарно друштво „Дпд Горици Оператива“. На средбата беше разговарано за работата на друштвата, за нови иницијативи во областа на заштитата и спасувањето од пожари и други непогоди и за проблемите и потребите на друштвата. Голема благодарност до сите членови и убавото гостопримство.