На 28.05.2021 година, по посетата во ДПД Демир Хисар беше остварена средба со градоначалникот на општина Новаци.  На средбата беше презентирана работата и активностите на ДПД Свети Николе,  како и иницијативата да се формира доброволно противпожарно друштво во општина Новаци со цел навремено и ефикасно реагирање во случај на пожари и други елементарни непогоди. На средбата беше разгледана и можноста за набавка на противпожарно возило и опрема од нашиот стратешки партнер, Операција Флоријан, од Велика Британија.