Во периодот од 31.05 2022 до 02.06.2022  година, ДПД Свети Николе учествуваше на Основна обука за заштита и спасување од пожари на отворен простор реализирана од страна на Дирекција за заштита и спасување на Македонија.
Во рамките на изведената обука освен вработените во ДЗС беа ангажирани и Тимовите за брз одговор, учесници од Црвениот Крст на РМ, доброволни противпожарни друштва, претставници од ЈП Национални Шуми, ТППЕ  на општините (Валандово, Струмица и Гевгелија) .
На тридневната обука се изреализира теоретски и практичен дел, со гореспоменатите учесници.