ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА 2020 на ДПД – СВЕТИ НИКОЛЕ

Подолу можете да го преземете Годишниот и наративниот извештај за 2020 година од Доброволното Противпожарно Друштво ДПД – Свети Николе.

ПРЕЗЕМИ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА 2020

РЕЗИМЕ НА ИЗВЕШТАЈОТ

Доброволното противпожарно друштво Свети Николе (во понатамошниот текст: ДПД Свети Николе) во текот на годината спроведе повеќе од 20 активности кои беа предвидени во рамките на зацртаните цели за противпожарна превенција, едукација, реализација на тренинг сесии и спроведување на директни акции, произлезени од зацртаната годишна програма кон остварување на очекуваните резултати. Посебно сакаме да потенцираме дека повеќе од 50 активности за календарската 2020 година беа непланирани, истите беа продукт на појавувањето на глобалната пандемија со КОВИД-19.

Активностите и постигнатите резултати се должат на годишната програма на ДПД Свети Николе, која финансиски е поддржана од страна на ЕЛС Свети Николе, индивидуални донации од страна на наши подржувачи, финансиска и поддршка во вид на услуги од страна на бизнис заедницата како и донациите од домашни и меѓународни донатори и подржувачи.

Реализирани активности во текот на годината:

  • Активно учество на 60 доброволни пожарникари во локализирањето на 15 пожари (урбани и шумски пожари на теротиријата на општините Свети Николе и Лозово;
  • Изработен наставен план и програма за теоретска и практична обука на 8 млади доброволни пожарникари;
  • Изработен наставен план и програма за теоретска и практична обука на 12 доброволни пожарникари;
  • Одобрен проект „Доброволните противпожарни друштва, активни општествени чинители!!!, финансиски поддржан од програмата за мали акциски грантови ЦК-МАК-02 на ЦИВИКА МОБИЛИТАС;
  • Одржан донаторски виртуелен кружок на 12.2020 година, во организација на здружението КОНЕКТ Скопје, на кој учествуваа повеќе од 150 учесници, од кои донираа финансиски средства повеќе од 60 индивидуални донатори и 3 одговорни компании;
  • Учество на 12 наши членови на он-лајн работилници и обуки, организирани и реализирани од МЦМС, Цивика Мобилитас, Граѓански ресурсен центар, World Bank и OBSE;
  • Репарирана пумпа ROSENBAUER на лесно навално ПП возило Мерцедес 814Д од страна на нашиот спомагателен член Зоран Радевски;
  • Репариран танк за вода, сервис на системот за воздух и подмачкување на ПП возило Денис од страна на нашите членови и донација на епоксивни смоли од компанијата „Зона Трејд“ дооел Свети Николе и заварување на такнот од страна на „А Тим Стилинокс“ Свети Николе;
  • Изработен надземјен хидрантски продолжеток со два приклучока-ЕУ и Британски стандард
  • Отпочнати градежни активности со уредување на терен за изградба на монтажна гаража од страна на членството, градежната фирма „Буинг дооел“, „Фил-Руж Бодигард“ дооел и Јавно комунално претпријатие „Комуналец“ Свети Николе;
  • Репарирани 2 вентили за возило Денис од страна на „Метал Сервис Никола“ – Кавадарци;
  • Редовно годишно сервисирање на 3 – ПП Возила од страна на Ава Сервис дооел Св.Николе;
  • Дониран лаптоп DELL од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка –МЦМС
  • Набавени нови основни средства инвертер клима уред NEO и електричен шпорет AMICA.

КОВИД – 19

  • Изработени 3 автоматски иновативни рампи за дезинфекција на возилата на влезовите на градот Свети Николе, по проект и изработка на нашиот член Дарко Петрушев;
  • Реализирани повеќе  од  40  дезинфекции  на  улиците  во  општина  Свети  Николе  со  ПП возилото Денис;
  • Спроведени 10 дистрибуции на дезифициенти за граѓаните на 3 контролни пункта со ПП возило Мерцедес 814Д.

Во спроведувањето на годишната програма не се имплементираа сите предвидени активности од аспект на скромните финансиски средства со кои располага нашата организација, истите беа од делот на предвидените обуки, справувањето со кризата со КОВИД-19, како и промоцијата на нашите капацитети пред сите образовните институции, бизнис секторот и државните и локални чинители.

ВОВЕД

Визија: Свети Николе да биде заедница на здрави, среќни и совесни граѓани кои активно придонесуваат за превенција од пожари и останати елементарни непогоди, градејќ и хармонија помеѓу човекот и природата.

Мисија: ДПД Свети Николе работи на превенција за заштита на животната средина и природата од пожари и други штетни влијанија на доброволна основа преку едукација и координација на граѓаните при директни акции и интервенции.

ДПД Свети Николе ја остварува својата мисија преку организирање и спроведување на истражувања, анализи, тренинг сесии и спроведување на директни акции за справување со сите елементарни непогоди: пожари, поплави, земјотреси, сообраќајни несреќи и справувањето со епидемии (Ковид-19), ерозии и разновидни други технички интервенции.

Цели

ДПД Свети Николе ги дефинираше следните цели за периодот 2020 – 2023 и тоа:

  • Справување со глобалната пандемија со КОВИД-19;
  • Постигнување на долгогодишна финансиска одржливост;
  • Институционално јакнење на организацијата и
  • Градење на мрежа на доброволни противпожарни друштва во РМ.

Историјат

Доброволното противпожарно друштво Свети Николе работи и функционира од 1935 година и е непрофитна, хуманитарна организација од доменот на противпожарната заштита која функционира на доброволна основа. Има добро обучен тим, организациска структура и значително и релевантно искуство на локално и национално ниво во хуманитарни и противпожарни акции, учество во елементарни непогоди и сообраќајни несреќи. ДПД Свети Николе како хуманитарна организација од секогаш ја промовира толеранцијата и меѓусебната доверба помеѓу вклучените страни во инцијативите, како и во промената на јавниот дух со несебичната и активна посветеност за унапредување на јавното добро и доброто на целокупната заедница. Мотивацијата за основање на нашата организација е настанувањето на големи пожари во град Свети Николе и околината во почетокот на 20 век. Увидувајќи ја потребата на заедницата од организиран пристап за локализирање на пожари, справување со поплави, земјотреси и други природни катастрофи, тогашната напредна младина, трговци, занаетчии и градските власти, заеднички пристапиле кон иницијатива за формирање на организиран противпожарен сервис, како резултат на таа иницијатива се формира нашата институција, која до денес во континуитет повеќе од 85 години ги реализира своите програмски активности. Во меѓувреме, перманентно работи за унапредување и зголемување на институционалните капацитети со цел изградба на модерен, стабилен и одржлив противпожарен систем во Свети Николе и пошироко на територијата на Република Македонија, преку подигање на јавната свест за граѓаните, особено младата популација за опасности од пожари, останатите природни непогоди и сообраќајни несреќи и епдемии (КОВИД-19). ДПД Свети Николе, посветено работи на програмска и структурална трансформација и градење на капацитетите на организацијата од аспект на квалитетот и квантитетот на човечките и материјално-техничките ресурси што е и една од целите кои ДПД се стреми да ги постигне на патот кон достигнување на мисијата за постоење на друштвото. Сакаме да истакнеме дека од основањето до денес во матичната книга за евиденција на друштвото се регистрирани 351 членови, кои имаат земено активно учество во спроведувањето на сите програмски цели на нашето хуманитарно и непрофитно здружение.

Нашата организација нема платен персонал и сите активности ги спроведува на доброволна база. Органи на управување на ДПД Свети Николе се: Собрание, Управен, Надзорен одбор и Старешинство.

Сите активности на ДПД се фокусирани кон сите наши конституенти, сите релевентни локални и државни чинители, бизнис заедницата, невладиниот сектор и пред целокупното граѓанство на локално и централно ниво, како крајни корисници од работењето на нашата институција.

РЕЗУЛТАТИ ОД СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ

Во календарската 2020 година ДПД Свети Николе спроведе 60% од предвидените активности од својата годишна програма финансирана од страна на единицата на локална самоуправа Свети Николе.

Отпочнат нов 5 месечен проект на 01.12.2020г. со наслов „Доброволните противпожарни друштва, активни општествени чинители!!!, финансиски поддржан од програмата ЦК- МАК-02 мали акциски грантови на донаторот ЦИВИКА МОБИЛИТАС – (проект на Швајцарската агенција за соработка и развој (СДЦ), претставена од  Швајцарската амбасада во Република Македонија, кој го спроведуваат НИРАС од Данска, МЦМС и ФЦГ Шведски развој АБ од Шведска. Проектот е во насока на развој на доброволниот противпожарен сектор во Република Македонија преку мапирање и идентификување на постоечките доброволни противпожарни друштва, нивните човечки и материјално- технички капацитети, ресурси и потреби, за градење на модерен, стабилен и функционален доброволен противпожарен сектор во државата, како еден од најсуштествените за безбедноста на целокупната заедница и заштита на природата.

Одржан донаторскиот кружок, кој беше во организација на здружението „Конект“ на 29.12.2020г. под мотото „Да донираш е љубов“, над 150 граѓани онлајн се здружија, а над

60 граѓани донираа 445.000,00МКД на три доверливи организации, Здружение за дислексија „Ајнштајн“, „Рурална коалиција“ и Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, за иницијативи што долгорочно ја унапредуваат благосостојбата на граѓаните и заедниците.

Доделените средства на нашата организација се за изградба на нова гаража за ПП возилата.

Редовната годишна програма на ДПД Свети Николе за 2020 година финансиски подржана од страна на ЕЛС Свети Николе се реализираа следните активности:

Едукативен дел спроведени обуки

  • Спроведени 3 работилници по 6 часа за противпожарна тактика за гасење на урбани пожари опфатени 8 млади членови на ДПД;
  • Реализирани 4 едукативни работилници по 6 часа за 12 учесници со запознавање на дишните апарати и начинот на нивната употреба при урбани пожари;
  • Едукација на 8 члена на ДПД за тактиките и техниките при настанување на ситуации за спасување и извлекување при сообраќајни несреќи.
  • Ризик фактори за настанување на сообраќајни несреќи

Практичен дел, обуки и интервенции

  • Трансферирана 4 дневна обука во времетраење од 16 часа за користење на дишни апарати на 2 тима од по 2 учесника.
  • Земање на активно учество на повеќе од 60 наши членови на 15 директни противпожарни интервенции (шумски, урбани пожари) на територијата  на  општините Свети Николе и Лозово по повик на територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Свети Николе, ЕЛС Свети Николе
  • Учество на 1 наш преставник на состаноците на Кризниот штаб на општина Свети Николе за справување со пандемијата со Ковид-19;
  • Практична работа со  8  кадети  доброволни  пожарникари  со  брентача  и  ПП  –  црева (потисни) припрема за ПП-натпревар
  • Спроведени обуки на 8 млади пожарникари – спроведување на 5 тренинг сесии со скали од 6 метри, 10 тренинга со 10,5 метарски скали, работа со црева (потисни и усисни)

КОВИД – 19

  • Нашата организација од првиот ден по прогласувањето на пандемија со Ковид-19, ги стави сите свои материјално-технички и човечки ресурси на располагање на Кризниот штаб и Градоначалникот на општина Свети Николе во процесот на директна здраствена заштита на населението, преку изработка на 3 контролни иновативни пункта на влезовите на градот Свети Николе со автоматски рампи за дезинфекција на возилата, проектирани и  изработени  од  нашиот  член  Дарко  Петрушев  и  членовите  на  ДПД.
  • Спроведени е 2 пати неделно за период од 4 месеци повеќе од 40 интервенции за перманентна дезинфекција на улиците во општината со противпожарното возило Денис.
  • На ПП возилото Денис инсталиран е иновативен, алтернативен систем со ПВЦ цевки и прскалки од страна на нашиот член Дарко Петрушев и општествено одговорната фирма Алфи солар дооел Свети Николе и нејзиниот сопственик Александар Пејов од Свети Николе. Реализирани 10 дистрибуции на дезифициенти за граѓаните, за дезинфекција на дворовите и домовите на 3 контролни пункта со ПП возило Мерцедес 814Д.

Проекти и донаторски кружоци

Проект во реализација „Доброволните противпожарни друштва,

активни општествени чинители!!!

  • ДПД Свети Николе на 12.2020г., отпочна спроведување на проектот „Доброволните противпожарни друштва, активни општествени чинители!!!“, финансиски поддржан од програмата ЦК-МАК-02 мали акциски грантови на донаторот ЦИВИКА МОБИЛИТАС – проект на Швајцарската агенција за соработка и развој (СДЦ), претставена од Швајцарската амбасада во Република Македонија, кој го спроведуваат НИРАС од Данска, МЦМС и ФЦГ Шведски развој АБ од Шведска. Проектот е во насока на развој на доброволниот противпожарен сектор во Република Македонија преку мапирање и идентификување на постоечките доброволни противпожарни друштва, нивните човечки и материјално-технички капацитети, ресурси и потреби, за градење на модерен, стабилен и функционален доброволен противпожарен сектор во државата, како еден од најсуштествените за безбедноста на целокупната заедница и заштита на природата. Времетраењето на проектот е 5 Месеци; почнувајќ и од 01.12.2020г. до 30.04.2021г., со вкупен буџет од 328.829,00МКД.

Донаторскиот онлајн кружок организиран од здружението „Конект“ Скопје на 29.12.2020г. под мотото „Да донираш е љубов“

  • Над 150 граѓани онлајн се здружија, а над 60 граѓани и 3 општествено одговорни компании ЕВН Македонија, Пивара Скопје и Тинекс Скопје донираа 000,00МКД на три доверливи организации, Здружение за дислексија „Ајнштајн“, „Рурална коалиција“ и Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, за иницијативи што долгорочно ја унапредуваат  благосостојбата  на  граѓаните  и  заедниците. Доделените финансиски средства на нашата организација се во износ од 135.166,00МКД, истите наменски ќе бидат искористени во 2021 година за изградба на нова монтажна гаража за ПП возилата Денис, Мерцедес 814Д и Форд Транзит.

Донациja на ИТ опрема

  • Дониран лаптоп DELL Inspirion од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС, во насока на подобрување на ИТ перформансите на организацијата во реализација на многу бројните секојдневни активности.

Набавка на основни средства

  • Набевен инвертер клима уред NEO 3,5kW, за загревање на работната просторија за дежурства на ДПД Свети Николе.
  • Набевен електричен шпорет AMICA.

Учество на состаноци, работилници, трибини

  • Учество на 12 наши членови на он-лајн работилници и обуки, организирани и реализирани од МЦМС, Цивика Мобилитас, Граѓански ресурсен центар, World Bank и OBSE;
  • Партиципација на 1 наш претставник на 3 дневната он-лајн Обука за тематско вмрежување, градење партнерства и коалиции која се одржа на 9, 11 и 13 ноември 2020 година организиранa  и  спроведенa     од     страна     на     Граѓански  ресурсен  центар.
  • Учество на 1 претставник од организацијата на 3 дневната он-лајн Обука за добро управување на граѓанските организации, која се одржа на 24, 25 и 27 ноември 2020 година организирана и имплементирана од  страна  на Грагански ресурсен центар.
  • Учество на 1 претставник од организацијата на 5 дневната он-лајн Обука за управување со ризици во граѓанските организации, која се одржа на 18, 19, 23, 24 и 29 јуни 2020 година, организирана и имплементирана од страна на МЦМС, BCSND (Balkan Civil Society Network Development и CNVOS (Centre for information Service, Co-operation and Development of NGOs од Словенија.

Градежни активности за израдба на монтажна гаража

  • Членовите на ДПД во месец ноември 2020 година, отпочнаа со градежни активности со уредување на терен за изградба на монтажна гаража за ПП возилата Денис, Мерцедес 814Д и Форд Транзит, при што се изврши чистење на теренот, изградба на потпорен ѕид, изработка и поставување на 8 стопи со анкери, постелување на 8 кубика тампон и 3 пати негово набивање. Рамнењето на теренот и чистењето од цврст отпад беше реализирано од страна на нашиот член Далибор Арсев и неговата општествено одговорна компанија „Буинг“ дооел Свети Николе и ЈКП „Комуналец“ Свети Николе, која ни донираше и 50м2павер елементи за подлога. Нашиод член Ангелче Арсов и неговата фирма „Фил-Руж Бодигард“ дооел Свети Николе донираше 8м3 тампон за подлога и 8м3 песок за бетонирање. Градежните работи за отстранувањето на стопите од соседниот објект, уредувањето и набивањето на просторот иизградба на потпорен ѕид за гаража е дело на нашите членови: Александар Данев, Зоран Арсов, Љупче Велинов, Дарио Панев, Благој Тосевски, Кирил Михајлови и Давид Панев..

Одржување и сервисирање на ПП возила

  • Извршена комплетна репарација на пумпа ROSENBAUER – демонтажа, избивање на лагери, инсталирање на нови лагери и монтажа на пумпата на лесното навално противпожарно возило Мерцедес 814Д и сервисирање на 3 ПП возила. Целата активност беше спроведена без финансиски бенефит од страна на нашиот спомагателен член Зоран Радевски;
  • Редовно сервисирање на 3 ПП-возила Форд Транзит, Мерцедес 814Д и Денис, од страна на авто-механичарскиот сервис Ава-Сервис дооел Свети Николе и нашиот спомагателен член Влатко Пејов, активноста беше спроведена како донација од погоре споменатата фирма;
  • Реализирана комплетна репарација на танкот на ПП возилото Денис, се изврши со нанесување на заштитен слој на епоксивна смола, донирана од страна на компанијата „Зона Трејд“ дооел Свети Николе. Демотирањето на танкот за вода, нанесувањето на епоксивната смола, отстранувањето на корозивниот слој, фарбањето и монтажата го извршија нашите членови Александар Данев, Давид Панев, Љупче Велинов, Кристијан Атанасов, Кирил Михајлов и Даниел Арсов. Заварувањето на танкот е донација од страна општествено одговорни фирми „А Тим Стилинокс“ дооел Свети Николе и „Нико конструкција“ Битола.
  • Заменет воздушен филтер и ставено средство за подмачкување на ПП возило Денис од страна на наши членови.
  • Извршена репарација на 2 вентила и тоа: 1 за полнење на возилото со вода и 1 за регулација на позитивниот и негативен притисок на ПП навално возило Денис. Репарацијата е донација и ја изврши општествено одговорната компанија „Метал Сервис Никола“ дооел Кавадарци.
  • Репариран механизам и статив на барабан  за  црево  од  60  метри  (витло)  на  ПП  возило Мерцедес 814Д од страна на нашите членови Александар Данев и Давид Панев.
  • Изработен надземен хидрантски продолжеток со 2 вентила со (европски и британски стандард) од страна на нашиот член Александар Данев. 

ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ ЗА 2020 ГОДИНА