– Општи опис на проектот

Развој на доброволниот противпожарен сектор во Република Северна Македонија преку мапирање и идентификување на постоечките доброволни противпожарни друштва, нивните човечки и материјално-технички  капацитети, ресурси и потреби, а во насока  на градење на модерен, стабилен и функционален доброволен противпожарен сектор во државата, како еден од најсуштествените за безбедноста на целокупната заедница и заштита на природата.

     – Цел на проектот

Општа цел: Придонес кон активни, силни, здружени и оддржливи доброволни противпожарни друштва во РС Македонија.

Специфична цел1: Да се мапираат и идентификуваат капацитетите и потребите на постоечките ДПД во РСМ

Специфична цел2: Да се воспостави континуирана комуникација и координација помеѓу ДПД меѓуопштински, регионално и на национално ниво

     – Корисници 

Доброволните противпожарни друштва во Република Северна Македонија

      – Времетраење

5 Месеци; почнувајќи од 01.12.2020г. до 30.04.2021г.

      – Планирани активности

1 Идентификување на постоечки ДПД во РСМ, нивните ресурси, потреби и проблеми.

2. Прибирање на податоци и изготвување на адресар на активни доброволни противпожарни друштва во РСМ.

3. Иницијатива за формирање на национална мрежа на ДПД-а на РС Македонија.

– Вкупен буџет: 328.829,00МКД

– Очекувани резултати

1. Мапирани и идентификувани активни доброволни противпожарни друштва, нивните ресурси, проблеми и недостатоци во работењето.

2. Подобрен пристап до основни информации и достапност до постоечките активни доброволни против пожарни друштва.

3. Основана Национална мрежа на ДПД во Република Северна Македонија.

  – Контакт лице за останати информации поврзани со проектот

Кирил Михајлов, тел, 075-806-621, e-mail dumpavlov1@gmail.com