Донаторскиот кружок е облик на здружување на повеќе индивидуални филантропи за донирање средства во граѓански организации. Кружоците им овозможуваат на граѓаните и на семејствата да донираат паметно и здружено да направат промена во заедницата. На Донаторскиот кружок, кој беше во организација на здружението „Конект“ на 29.12.2020г. под мотото „Да донираш е љубов“, над 150 граѓани онлајн се здружија, а над 60 граѓани донираа 445.000 на три доверливи организации, Здружение за дислексија „Ајнштајн“, „Рурална коалиција“ и Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, за иницијативи што долгорочно ја унапредуваат благосостојбата на граѓаните и заедниците. На Доброволното противпожарно друштво Свети Николе му беа доделени 135.166,00 МКД. Цел на донацијата од членот 1 од Договорот за доделување на средства по основ на донација е остварување, унапредување, поддршка на дејностите од јавен интерес, односно за заштита на противпожарните возила со изградба на гаража и сродни потреби и активности.
Дел од содржината и фотографиите се превземени од официјалната Веб страна и Фејсбук фан страна на Конект.