На 22.10.2021 г. амбасадорката Анке Холштајн и претседателите на ДППД „Свети Николе“, Благој Тосевски, ДППД „Бајрам Мифтари“, Артан Демири и ДППД „Дојран“, Стојанчо Шулев потпишаа договор за донација на техничка и заштитна опрема во вредност од 22.900,- евра.

Амбасадорката Холштајн нагласи: „Волонтерството е китот на едно општество“ и им се заблагодари на доброволните пожарникари за нивната значајна работа, храброст и залагање токму во моменти кога сме најнесигурни и најисплашени за својата безбедност.

Донацијата се финансира од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи преку фондот за мали проекти и има за цел поттикнување на социјалниот и економскиот развој во земјата-домаќин.

Како резултат на проектот подржан од страна на Германската амбасада во Скопје за набавка на нова софистицирана ПП-опрема во 2021 година, истата беше предадена на 12 јануари 2022 година од страна на амбасадорката на Сојузна Република Германија во Скопје Анке Холштајн.

Наслов на проектот:

„Набавка на противпожарна опрема за справување со шумски и урбани пожари, поплави и Ковид-19 на 3 активни на терен ДПД во Република Северна Македонија – ДПД Свети Николе, ДПД Бајрам Мифтари Чаир и ДПД Дојран„

Донирана опрема:

  • АТВ четирицикл SFMOTO со мотор со јачина до 850ccm
  • 9 – моторни прскалки и дувалки – STIHL – SR 420
  • 3 – моторни пили за сечење дрва – STIHL – MS 180
  • 24 – Мешина за вода со рачна пумпа – В25-ФЕЛИКС Ранец 25л
  • 15 – Противпожарни црева 52 мм FAVORIT сертификат О NORM F2105
  • 5 – Противпожарни црева 75 мм FAVORIT сертификат О NORM F2105
  • 30 – Противпожарни полу маски HALF-MASK IN PP – THERMOPLASTIC OVERMOULD Ref. M6400E JUPITER  со 2 места за филтер
  • 60 – Филтри  ABEK1  за полумаска M6400 JUPITER за 2 филтер места
  • 24 – Преносна радио станица воки-токи Baofeng UV-9R
  • 30 Пара огноотпорни чевли ROCK DIORIT S3 до 300 степни целзиусови
  • 3- Клипни моторни пумпи HONDA WB-30
  • 3- Хидрантски продолжетоци В 2С
  • 3-  Хидрантски  Т  –  клуч  
  • 3- Хидрантски  универзален  клучеви  
  • 12-  Хидрантски  АБЦ  универзален  клучеви  

* Дел од фотографиите и содржините се превземени од официјалниот сајт на Германска амбасада Скопје