Проект: „Ги учиме најмладите за опасностите и постапките за безбедност при пожари“ во рамките на проектот СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, кој го спроведува Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) во партнерство со Centar za promociju civilnog drustva (CPCD) и Институтот за демократија и медијација (ИДМ), финансиски поддржан од Министерство за надворешни работи на Кралството Норвешка.
Основни информации
Назив на организацијата: Доброволно противпожарно друштво Свети Николе
Област на делување: Доброволен противпожарен сервис
Започнува: 01.05.2023г.
Завршува: 31.12.2023г.
Висина на грант (NOK): 80.438,22 NOK
Резиме на стратешката ориентација на организацијата
Стратешката ориентација на организацијата е придонес кон подигната јавна свест, поодговорно однесување на целокупното население и зголемена координација и соработка со релевантните локални, државни институции и бизнис заедницата, во насока на подобрена едукација на населението, а посебно на младите, со цел намалување на ризик факторите причинители на пожари, елементарните непогоди, сообраќајни несреќи, епидемии и огромните последици предизвикани од истите врз човекот и природата. Превземање на перманентни директни и превентивни кампањи за зголемување на еколошка свест на населението за заштита на животната средина и природата. Зајакнато застапување пред релевантните државни чинители за носење на нов Законот за пожарникарство, компатибилен со најнапредните противпожарни сервиси од Европската унија, со цел унапредување на противпожарниот и спасувачкиот сектор во државата. Формирање на национална Мрежа на ДПД-а, за успешно застапување пред релевантните државни и локални чинители со цел добивање на константна и стабилна државна финансиска поддршка, унапредување на меѓусебната соработка на друштвата, како и превземање на иницијативи за идни регионални и континентални поврзувањета во мрежи. Унапредување на родовата еднаквост и еднаквите можности, за активно вклучување на жените во т.н. „машки професии“, во кои нашата е убедливо прва во светски рамки. Континуирана промоција на хуманоста, волонтерството и граѓанскиот ангажман. Во следниот период нашата ГО, преку своите органи и тела ќе цели кон подобрување на човечките капацитети, финансиска одржливост, транспарентноста и отчетноста, функционалноста на управните тела, подобрување на внатрешните процедури, зголемување на видливоста и препознатливоста на организацијата пред потенцијалните поддржувачи и донатори, зголемување на платениот персонал, бројот на волонтери и родовата застапеност.
Корист од нашето работење?
Краен бенефит од сите активности и продукти од работењето на нашата граѓанска организација ќе има целокупната заедница и природата, преку спроведување на пермамнентни комплементарни едукативни и информативни кампањи, пред образовните институции, бизнис заедницата, релевентните државни и локални чинители и општата популација, ставајќи посебен акцент на децата и младите, за стекнување на основни знаења за градење на животни вештини за правилна реакција и постапување при настанување на пожари, останатите елементарни непогоди, сообраќајни несреќи и епидемии. Неопходноста на спроведување на ваквите кампањи е непостоењето на соодветна едукативна програма за противпожарна безбедност во образовен систем на државата. Со директни акции на нашата противпожарна единица во процесот на справување со сите видови на инциденти и преку реализација на еколошки и други општествено одговорни кции, позитивно ќе влиаеме на целокупната популација за потенцирање и промоција на подзаборавените општествени вредности: хуманост, солидарност, волонтерство и граѓански активизам. Во креирање на јавните политики ќе ставиме силен акцент на вклучување на жените во така наречените „машки професии“.
Цели и очекувани резултати од проектот:
Општа цел на проектот е да се креираат знаења кај децата и другите наведени целни групи во основните училишта од општина Свети Николе во однос на нивното разбирање на ризиците и опасностите од пожари и истите да се стекнат со вештини за безбедносните процедури за однесување при појава на пожар и други елементарни непогоди.
Специфична цел на проектот е да се изработи едукативен материјал за реализација на општата цел, прилагоден на возраста на ученици од 1 до 5 одделение, со можност истиот во иднина да може да се реплицира во други локални заедници.
Очекувани резултати од проектот се подобрени знаења и стекнати основни вештини каи учениците во општина Свети Николе за безбедносните процедури и постапките при појава на пожар и други елементарни непогоди и изготвен едукативн материјал комплементарен на образовниот процес и негова континуирана имплементацијата со помош на наставниот кадар во oсоработка со градоначалникот и единицата на локална самоуправа Свети Николе.
ПОТПИШУВАЊЕ МЕМОРАНДУМИ ЗА СОРАБОТКА
ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ
Г-ДИН ДЕЈАН ВЛАДЕВ
ДИРЕКТОР НА ООУ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – СВЕТИ НИКОЛЕ
Г-ЃА АНЕТА ИВАНОВСКА
ДИРЕКТОР НА ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – СВЕТИ НИКОЛЕ
Г-ЃА СУЗАНА ДЕРМЕНЏИЕВА
ДИРЕКТОР НА ООУ „ДАМЕ ГРУЕВ“ с. ЕРЏЕЛИЈА – СВЕТИ НИКОЛЕ
Г-ЃА ДРАГИЦА ЈОВАНОВА
Во видеото се демонстрира постапка како треба да се однесуваме ако во просторијата има чад, за да може истата безбедно да ја напуштиме. Преку ползење до најблискиот излез (врата) и правилна проверка со допир од надворешниот дел на дланката на вратата и кваката.
НАПОМЕНА: Никогаш не ја користите внатрешноста на дланката, од причина што може да направи изгореници, а тоа може да доведе до отежнато и успорено движење кон најблискиот излез!!!
Во видеото се демонстрира постапка како треба да се однесуваме ако дојде до запалување на облеката:
Чекор 1: Не трчај наоколу. Иако е навистина тешко да не се паничи, трчањето ќе го разгори пламенот и ќе ги направи побрзо да ви изгори облеката.
Чекор 2: Легнете на подот (земја), оваа постапка го отежнува ширењето на пламенот.
Чекор 3: Покриј ги очите и тркалај се неколку пати напред, неколку пати назад. Ова го задушува пламенот со спречувањето кислородот да дојде во близина на огнот.