ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА 2019 на ДПД – СВЕТИ НИКОЛЕ
Подолу можете да го преземете Годишниот и наративниот извештај за 2019 година од Доброволното Противпожарно Друштво ДПД – Свети Николе.
ПРЕЗЕМИ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА 2019
РЕЗИМЕ НА ИЗВЕШТАЈОТ
Доброволното противпожарно друштво Свети Николе (во понатамошниот текст: ДПД Свети Николе во текот на годината спроведе повеќ е од 30 активности кои беа предвидени во рамките на зацртаните цели за противпожарна превенција, едукација, реализација на тренинг сесии и спроведување на директни акции, произлезени од зацртаната годишна програма кон остварување на очекуваните резултати.
Активностите и постигнатите резултати се должат на годишната програма на ДПД Свети Николе, која финансиски е поддржана од страна на ЕЛС Свети Николе, чланарина од страна на наши конституенти и подржувачи, како и донациите од домашни и меѓународни донатори и подржувачи.
Реализирани активности во текот на годината
- Активно учество на 84 доброволни пожарникари во локализирањето на 21 пожари (урбани и шумски) на територијата на општина Свети Николе;
- Добиена донација – лесно противпожарно навално возило Мерцедес со комплетна ПП -опрема од страна на нашиот стратегиски партнер Операција Флоријан од Велика Британија;
- Реализиран проектот со наслов „Работи на себе за да можеш да им помогнеш на другите!!!“ од проектот за „Транспарентност и отчетност на граѓанските организации“, финансиран од Европската унија, а спроведувач на истиот е Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС).
- Израбoтен наставен план за едукација и практичен тренинг на 12 нови млади доброволни пожарникари.
- Изведени 3 показни вежби со учество на 16 доброволни пожарникари и презентирање на опремата и техниката со која располага ДПД Свети Николе пред учениците од двете основни училишта во град Свети Николе.
- Одржани се едукативни и практични обуки на кои се обучуваа 8 млади и 12 сениори доброволни пожарникари;
- Земено учество на 3 состаноци од страна на 6 наши членови со релевантни државни и локални институции за развојот на противпожарниот сектор во општина Свети Николе и Република Македонија.
- Посета на повеќ е од 80 ученици на нашата противпожарна станица од локалните основни училишта.
- Одржан работен состанок со 2 претставници на донаторот Bjästa Skolan (Бјаста Сколан) од Кралството Шведска, за продлабочување на соработката и наоѓање на партнер од делот на противпожарната заштита.
- Учество на 5 наши претставници во обука за пишување на проектна идеја до успешна проектна апликација и работилница за стратешко позиционирање организирани од страна на Граѓански ресурсен центар.
- Присуство на 14 наши членови на повеќ е од 10 работилници, форуми и конференции организирани и реализирани од страна на МЦМС, Цивика Мобилитас и Граѓански ресурсен центар;
- Асистенија на 4 наши членa за реализација на тематскиот форум Граѓаните – учесници во локалните политики организиран и спроведен од страна на Цивика Мобилитас;
- Извршени 4 работни посети на ДПД од страна на 7 претставници на нашиот меѓународен стратегиски партнер Operation Florian (Операција Флоријан) и новиот партнер Fire Aid (Фире Аид), двете од Велика Британија, за подготовки на идните заеднички активности за унапредување и зајакнување на противпожарениот и спасувачки систем на РМ.
- Изработено архитектонско решение за изградба на нов дел на нашата противпожарна станица и комплетно реновирање на постоечките простории.
- Склучен договор за снабдување со електрична енергија со ЕВН Македонија – Електроснабдување ДООЕЛ Скопје, како најдобар и најефтин понудувач.
2. ВОВЕД
Визија Свети Николе да биде заедница на здрави, среќ ни и совесни граѓани кои активно придонесуваат за превенција од пожари и останати елементарни непогоди, градејќ и хармонија помеѓу човекот и природата.
Мисија: ДПД Свети Николе работи на превенција за заштита на животната средина и природата од пожари и други штетни влијанија на доброволна основа преку едукација и координација на граѓаните при директни акции и ин тервенции.
ДПД Свети Николе ја остварува својата мисија преку организирање и спроведување на истражувања, анализи, тренинг сесии и спроведување на директни акции за справување со сите елементарни непогоди (пожари, поплави, земјотреси итн.).
Цели
ДПД Свети Николе ги дефинираше следните цели за периодот 2019 – 2022 и тоа:
- Набавка преку донација на противпожарно возило за шумски пожари;
- Постигнување на долгогодишна финансиска одржливост;
- Институционално јакнење на организацијата и
- Градење на мрежа на доброволни противпожарни друштва во РМ.
Историјат
Доброволното противпожарно друштво Свети Николе работи и функционира од 1935 година и е непрофитна, хуманитарна организација од доменот на противпожарната заштита која функционира на доброволна основа. Има добро обучен тим, организациска структура и значително и релевантно искуство на локално и национално ниво во хуманитарни и противпожарни акции, учество во елементарни непогоди и сообраќ ајни несреќ и. ДПД Свети Николе како хуманитарна организација од секогаш ја промовира толеранцијата и меѓусебната доверба помеѓу вклучените страни во инцијативите, како и во промената на јавниот дух со несебичната и активна посветеност за унапредување на јавното добро и доброто на целокупната заедница. Мотивацијата за основање на нашата организација е настанувањето на големи пожари во град Свети Николе и околината во почетокот на 20 век. Увидувајќ и ја потребата на заедницата од организиран пристап за локализирање на пожари, справување со поплави, земјотреси и други природни катастрофи, тогашната напредна младина, трговци, занаетчии и градските власти, заеднички пристапиле кон иницијатива за формирање на организиран противпожарен сервис, како резултат на таа иницијатива се формира нашата институција, која до денес во континуитет веќ е 84 години ги реализира своите програмски активности. Во меѓувреме, перманентно работи за унапредување и зголемување на институционалните капацитети со цел изградба на модерен, стабилен и одржлив противпожарен систем во Свети Николе и пошироко на територијата на Република Македонија, преку подигање на јавната свест за граѓаните, особено младата популација за опасности од пожари, останатите природни непогоди и сообраќ ајни несреќ и.ДПД Свети Николе, посветено работи на програмска и структурална трансформација и градење на капацитетите на организацијата од аспект на квалитетот и квантитетот на човечките и материјално-техничките ресурси што е и една од целите кои ДПД се стреми да ги постигне на патот кон достигнување на мисијата за постоење на друштвото. Сакаме да истакнеме дека од основањето до денес во матичната книга за евиденција на друштвото се регистрирани 328 членови, кои имаат земено активно учество во спроведувањето на сите програмски цели на нашето хуманитарно и непрофитно здружение.
Нашата организација нема платен персонал и сите активности ги спроведува на доброволна база. Органи на управување на ДПД Свети Николе се: Собрание, Управен, Надзорен одбор и Старешинство.
Сите активности на ДПД се фукусирани кон сите наши конституенти, сите релевентни локални и државни чинители, бизнис заедницата, невладиниот сектор и пред целокупното граѓанство на локално и централно ниво како крајни корисници од работењето на нашата институција.
РЕЗУЛТАТИ ОД СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ
Во календарската 2019 година ДПД Свети Николе спроведе 70% од предвидените активности од својата годишна програма финансирана од страна на единицата на локална самоуправа Свети Николе. Успешно реализирана Донација од стратешкиот партнер Операција Флоријан на лесно противпожарно навално возило Мерцедес со комплетна ПП опрема.
Успешно спроведен проект со наслов „Работи на себе за да можеш да им помогнеш на другите!!!“ од проектот за „Транспарентност и отчетност на граѓанските организации“, финансиран од Европската унија, а спроведувач на истиот е Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС). Со реализација на проектните активности се зајакнаа капацитетите и вештините на 32 членови/волонтери кои учествуваа на четиридневните работилници, за прв пат се изработи Годишен извештај за работата на ДПД, промотивно видео и организациска ревизија. Сето ова резултираше со поголема видливост и транспарентност на ДПД, унапредени алатки за информирање, известување и транспарентост, како и воведена пракса за изработка на годишни извештаи.
Активно партиципаципирање на состаноци, работилници, обуки, трибини, форуми и конференции за унапредување на капацитетите на институцијата, организирани од разни домашни и меѓународни донатори. Учество на работни состаноци со локални и државни чинители од полето на противпожарната заштита за унапредување на противпожарниот и спасувачкиот сектор во општината и РМ. Реализирани состаноци со стратегискиот партнер Операција Флоријан од Велика Британија за дефинирање на идните активности за градење на модерен противпожарен систем во РМ.
Редовната годишна програма на ДПД Свети Николе за 2019 година финансиски подржана од страна на ЕЛС Свети Николе се реализираа следните активности:
Едукативен дел спроведени обуки
- 2 – работилници за противпожарна тактика за гасење на шумски пожари опфатени 8 члена на ДПД;
- Спроведена 6 часовна едукативна работилница за 8 учесници со запознавање на дишните апарати и начинот на нивната употреба при урбани пожари;
- Едукација на 4 члена на ДПД за тактиките за пристап и запознавање и примена на опремата за интервенции при инциденти со опасни материи;
Практичен дел реализирани обуки
- Спроведена 12 часовна обука на 4 млади пожарникари за работа со 10,5 метарска скала, работа со ПП-млазници и ПП-црева (всмукувачки и потисни);
- Одржана 8 часовна обука на 2 тима од по 4 члена пожарникари – сениори за ракување со 13,5 метарска ПП-скала и работа со сите видови на пумпи со кои располага ДПД (на возила и преносни);
- Трансферирана обука во времетраење од 8 часа за користење на дишни апарати на 2 тима од по 2 учесника.
- Земање на активно учество на повеќ е од 84 наши членови на повење од 21 директни противпожарни интервенции (шумски, урбани пожари и поплави) по повик на територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Свети Николе, ЕЛС Свети Николе и Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија.
- Учество на 4 наши преставници на трибини и работилници на Кризниот штаб на општина Свети Николе за справување со сите видови на инциденти на териториите на општина Свети Николе и Лозово, организирани од страна на Центарот со управување со кризи на Република Македонија;
4. Донација на противпожарно навално возило Мерцедес
- Како резултат на долгогошниот проект со нашиот стратешки партнер Операција Флоријан од Велика Британија, а во насока на зголемување на материјално техничките капацитети на друштвото за поуспешно настапување при секаков вид на инцидет, нашиот партнер ни донираше комплетно опремено лесно противпожарно возило Мерцедес 814Д. За успешната реализација на проектот со донација на финансиски средства за покривање на трошоците за транспорт, престој и регистрација на ПП возилото од Велика Британија, придонесоа општествено одговорни компании и тоа: осигурителната компанија „Осигурување Македонија–Vienna Insurance Group“; „Армор Плус“ Скопје; „БИМ“ АД Свети Николе;
„Андонов“ дооел Свети Николе; „Бубамара Принт“ Свети Николе; „Автосигурност“ Свети Николе; „Мечкуевска Куќа – Пуже“ Свети Николе; „Елемент – Г“ Свети Николе;
„Лион“ доо Свети Николе; „Шиткарски“ дооел Свети Николе; „Фантастико“ дооел с.Горобинци и „Супер Фурња“ Куманово.
- Во спроведувањето на овој голем проект за доопремување на друштвото со лесно навално ПП возилото беа ангажирани повеќ е наши членови. Успешениот и напорен 3 дневен транспорт на возилото со поминати повеќ е од 3000 километри од Вортинг (Worthing) Велика Британија до нашата ПП станица беше дело на нашите членови Дарко Петрушев и
Кристијан Атанасов.
Реализиран проектот „Работи на себе за да можеш да им помогнеш на другите“
- ДПД Свети Николе во периодот од 06.2019 до 31.10.2019 година успешно го спроведе проектот со наслов „Работи на себе за да можеш да им помогнеш на другите!!!“ од проектот за „Транспарентност и отчетност на на граѓанските организации“, финансиран од Европската унија, а спроведувач на истиот беше Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС).
Предвидената цел на проектот во целост се Проектот од сите негови аспекти ја постигна зацртаната проектната цел, преку процесот на унапредување на видливоста и препознатливоста на нашата организација во локалната средина и пошироко, со стекнувањето на напредни знаења и вештини, пренесени од страна на искусни едукатори за транспарентност и отчетност и комуникациски вештини, како неопходни и потребни алатки во процесот на подобрување на видливоста и препознатливоста на ДПД пред нашите конституенти, донатори и пред целокупната јавност. Се зајакнаа капацитетите на нашата организација за транспаренто работење на повеќе нивоа, односно се подобрија практиките за транспарентно наративно и финансиско известување на годишно ниво, се подобрија алатките за отворена и јасна комуникација со нашите конституенти, преку објавување на прв годишен наративен и финансиски извештај за 2018 година, ревизорски извештај за 2018 година, 2 отворени денови во нашата ПП станица, подобрена и појасна веб страна, се изработи 5 годишна стратегија на период 2020-2025 и се изработи промотивно видео за поголема препознатливост и видливост на работата на ДПД во локалната средина и пошироко.
Донации на материјално технички средства
- Донација на стартер-полнач CD – 1000 од страна на донаторот Bjästa Skolan (Бјаста Сколан), училиште од Кралството Шведска, претставувана од Видан Насков и Ulf Thors (Улф Тхорс).
Набавка на основни средства и извршени градежни зафати
- Набевена правосмулкалка SAMSUNG за редовно одржување на хигиена во ПП станицата;
- Изградена нова декоративна чешма во дворот на ДПД.
- Направена кровна конструкција и извршена термичка и звучна изолација на тоалетите на ПП станицата на ДПД.
Склучен договор за снабдување со електрична енергија
- Склучен е договор под број 03-3/972 за снабдување со електрична енергија со ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје, како најдобар и најефтин понудувач на либералниот пазар за електрична енергија. Со овој договор нашата организација заштедува просечно околу 30% од претходните сметки за електрична енергија.
Учество на состаноци, работилници, трибини
- Земено активно учество на 14 наши претставници на 10 трибини, работилници, конференции и форуми организирани и подржани од страна на МЦМС, Граѓански ресурсен центар како и на програмата на Civica Mobilitas.
- Партиципација на 4 наши претставници на ден 07.2019 година на работилница за Стратешко позиционирање организиранa и спроведенa од страна на Граѓански ресурсен центар.
- Учество на 1 претставник од организацијата на 2 дневната обука 11.2019 – 13.11.2019 година во Штип на Обука за пишување на проектна апликација – Од проектна идеја до успешна проектна апликација организирана и имплементирана од страна на Граѓански ресурсен центар.
- Извршена асистенција од страна 4 наши членови за реализација на тематскиот форум Граѓаните – учесници во локалните политики организиран кој се одржа на 13.11.2019 година во организација и реализација на Цивика Мобилитас.
- Извршени две заеднички посети на 3 наши преставници и 3 членa на меѓународната партнер организацијата Operation Florian и 1 претставник од FIRE AID од Велика Британија на Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија (ДЗС на РМ), за спроведување на идни проекти за донација на противпожарни возила и опрема при што се одржа 1 состанок со директорот на ДЗС на РМ Господинот Аднан Џаферовски и координаторот за меѓународна соработка Госпоѓата Валентина Атанасовска, на истите се зборуваше за дефинирање на приоритетите за донирање на 4 противпожарни навални возила делување во општините во Република Македонија. По што се изврши посета на над 20 општини од страна на 1 претставник од Operation Florian, еден преставник од Fire Aid и 1 преставник од ДПД.
Изготвено ново идејно архитектонско решение за објектот
- Изработено идејно архитектонско решение од страна на нашиот член Софија Душановска за изградба на нов дел на нашата противпожарна станица, неопходен за нормално функционирање и спроведување на сите статутарни активности на организацијата, како и за
комплетно реновирање на постоечкиот објект на ДПД Свети Николе.
ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ ЗА 2019 ГОДИНА
Биланс на приходи и расходи
Биланс на успех
Државна евиденција
Распоредување на резултатот
Структура на приходи по дејности