На 21 април 2017 година амбасадорката д-р Алтхаузер, градоначалникот на општина Свети Николе, г-динот Зоран Тасев и раководителот на Доброволното противпожарно друштво, г-динот Благој Тосевски потпишаа договор за донација и финансирање на опрема во вредност од 5.545 евра. ДПД Свети Николе постои од 1935 година и претставува непрофитно граѓанско здружение, кое е активно во случај на пожари и други природни катастрофи како поплави, земјотреси и сл. Германската амбасада го поддржа проектот преку набавка на професионална пумпа за вода, специјална моторна пила за работа при пожар, десет рачни пумпи за вода, заштитни маски и радио-станица.

Како резултат на проектот подржан од страна на Германската амбасада во Скопје за набавка на нова софистицирана ПП-опрема во 2017 година, истата беше предадена на 20 февруари 2018 година од страна на заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија во Скопје Господинот Марко Акватичи и Госпоѓата Марина Серафимовска од економскиот оддел на амбасадата.

  • Пумпа за извлекување ма вода модел WT30 XK3 DE – за поуспешно справување со поплавите што настануваат на територијата на општина Свети Николе и пошироко на територијата на Република Македонија во случај на прогласување на елементарна криза.
  • Моторна противпожарна пила STIHL – MS 460R – специјален алат, чија намена е специфична за потребите на противпожарната служба во процесот на справувањето со пожари во при пребарување и спасување на лица при урбани пожари;
  • Мешина за вода со рачна пумпа модел V25-FELIX В25- Ранец 25л. – Мешина за вода која се нарамува на грб со носивост од 25 литри, истата се користи во процесот на супресија на шумските пожари на непристапен терен , односно нивно гаснење и контролирање.
  • Панорамска маска GALAXY за цело лице модел M9200NO и филтер за маска ABEK2 – заштитна маска со филтер при настапување на шумски пожари, која овозможува примарна заштита од топлина и во исто време ги апсорбира токсичните гасови, опасни за човечкиот организам, кои се ослободуваат при процесот на согорување.
  • Преносна радио станица воки-токи Midland GXT1000vp4 уред за подобрена комуникација и координација на екипите на ДПД-Свети Николе при интервенции на пожари и останатите елементарни непогоди.

* Дел од фотографиите и содржините се превземени од официјалниот сајт на

 Германска амбасада Скопје