Основни информации:

ИМЕ НА ПРОЕКТОТ:  „Преку мрежа на доброволни противпожарни друштва, до подобра цивилна заштита на луѓето и природата во Република Северна Македонија!!!“

 

Назив на организацијата: Доброволно противпожарно друштво Свети Николе

Област на делување: Доброволен противпожарен сервис – цивилна заштита

Времетраење на акцијата е 7 месеци

 

Резиме на акцијата:

Доброволниот противпожарен сектор во нашата земја има повеќе од 190 години традиција во областа на  заштитата од пожари на целата заедница и природата , други природни непогоди, сообраќајни несреќи и епидемии на КОВИД-19, преку превенција, едукација и замена на директни супресивни дејствија, но за жал во изминатите 32 години, поради инертност, незаинтересираност и невнимание на надлежните институции и организации, целиот сектор беше оставен во состојба секој како знае и умее сам да се снајде и како резултат на ваквата состојба дојде до драстично намалување на активните ДПД, од околу 90-сетина во минатиот систем да падне на број на нешто повеќе од 10 друштва останаа фактички активни, но за пофалба се  новите позитивни трендови кои се појавија при настанувањето на катастрофалните шумски пожари изминатите неколку години, при што од таа причина се формираа околу 7-8 нови ДПД-а.

Затоа, повеќе од потребно е да се преземе иницијатива за вмрежување на сите ДПД што ќе изкажат интерес, заради организиран настап, застапување, зголемена видливост и креирање политики пред надлежните државни институции: Дирекцијата за заштита и спасување (ДПР), Кризата Центарот за управување (ЦУК), како и пред единиците на локалната самоуправа во државата, за добивање законска државна и локална финансиска, правна и логистичка поддршка врз основа на позитивната рамка од Законот за пожарникарство (Сл. Весник бр. 168/2017), како и негово подобрување и компатибилност со законите на земјите од ЕУ кон кои се стреми нашата земја и активен допринос кон носење на нов модерен Закон за пожарникарство.

Исто така, во процесот на градење на стабилен, одржлив, модерен и профилиран доброволен систем за гаснење пожари, неопходна е размена на добри практики со напредни противпожарни системи од земјите на ЕУ/ИПА, кои во голема мера ќе помогнат во унапредувањето и развојот на доброволното противпожарен сектор, како еден од фундаменталните за зголемена и подобрена цивилната заштита на целата заедница и природата.

 

Главна цел на акцијата:

Нашата акција има за цел да поттикне вмрежување на доброволниот противпожарен во државата, преку размена на добри практики со најнапредните противпожарни системи од земјите на ЕУ/ИПА (Република Австрија, Република Словенија и Република Хрватска), во насока на градење на стабилен, одржлив, модерен и силен доброволен сектор за креирање на зголемена безбедност на целокупната заедница и природата во Република Северна Македонија.

 

Презентација на проектни активности:

Брошура и Противпожарна боенка:

ПРЕЗЕМИ БРОШУРА
ПРЕЗЕМИ БОЕНКА
Еколошка акција - пошумување во „Богословец“
Посета и едукација на најмладите и на децата со посебни потреби
Чистење на излетничко место викано „БАРЕШ“ - Ѓуриште
Фотографии од Изборно собрание за формираната Асоцијација на Македонски Доброволни Противпожарни Друштва во Кавадарци