Во рамките на проектот “Доброволните противпожарни друштва, активни опшествени чинители”, финансиски подржан од Civica Mobilitas од програмата Мали грантови ЦM- МАК-02, на ден 17.07.2021 во Општина Свети Николе се одржа работилница на која се поднесе иницијатива за формирање на Мрежа на доброволни противпожарни друштва, со цел организирано застапување пред надлежните државни институции во насока на остварување на позитивните законски прописи од областа на пожарникарството, кои се во насока на нивно непречено, ефективно, ефикасно и квалитетно функционирање и извршување на нивните цели и задачи. На работилница присуствуваа ДПД Горици Оператива – Конче, ДПД Дервен – Прилеп, ДПД Сашко Гешовски – Кавадарци, ДПД Новаци – Новаци, ДПД Архангел – Битола, ДПД Феникс – Битола, ДПД Бајрам Мифтари – Чаир и ДПД Дојран – Дојран. Сите присутни доброволни противпожарни друштва потпишаа Декларација и Меморандум за соработка за формирање на Мрежата на ДПД-а.
