ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА 2018

на

ДПД – СВЕТИ НИКОЛЕ

 

Подолу можете да го преземете Годишниот и наративниот извештај за 2018 година од Доброволното Противпожарно Друштво ДПД – Свети Николе.

ПРЕЗЕМИ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА 2018

РЕЗИМЕ НА ИЗВЕШТАЈОТ

Доброволното противпожарно друштво Свети Николе (во понатамошниот текст: ДПД Свети Николе) во текот на годината спроведе повеќе од 20 активности кои беа предвидени во рамките на зацртаните цели за противпожарна превенција, едукација, реализација на тренинг сесии и спроведување на директни акции, произлезени од зацртаната годишна програма кон остварување на очекуваните резултати.

Активностите и постигнатите резултати се должат на годишната програма на ДПД Свети Николе, која финансиски е поддржана од страна на ЕЛС Свети Николе, чланарина од страна на наши конституенти и подржувачи и донациите од домашни и меѓународни донатори и подржувачи.

Реализирани активности во текот на годината

  • Активно учество на 100 доброволни пожарникари во локализирањето на 23 пожари (урбани и шумски) на територијата на општина Свети Николе;
  • Настап на тим од 30 наши членови на 2 поплави и извлекување на вода од 15 поплавени куќи;
  • Израбитен наставен план за едукација и практичен тренинг на 20 доброволни пожарникари;
  • Изведени 2 показни вежби со учество на 12 доброволни пожарникари и презентирање на опремата и техниката со која располага ДПД Свети Николе пред учениците од двете основни училишта во град Свети Николе.
  • Одржани се едукативни и практични обуки на кои се обучуваа 8 млади и 10 сениори доброволни пожарникари;
  • Земено учество на 5 состаноци од страна на 9 наши членови со релевантни државни институции за развојот на противпожарниот сектор во Република Македонија.
  • Посета на повеќе од 100 ученици на нашата противпожарна станица од локалните основни училишта за запознавање со возилата и опремата со која што располагаме и како е да се биде пожарникар.
  • Партнерско учество на 7 членови на ДПД во локална еко-акција „Мрдни со прст“ за разубавување на Свети Николе, организирана и спроведена од страна со Организација на жени на општина Свети Николе (ОЖОСВН).
  • Учество на 5 членови од нашата организација во акцијата „Мрдни со прст“ за собирањето на елекричен отпад (фрижидери, ладилници, пегли, машини за перење, фенови, ваги,ТВ апарати, компјутери, телефони, батерии и слично) во општините Свети Николе и Лозово, организирана и спроведена од страна на партнерската организација ОЖОСВН.
  • Извршена посета на нашата ПП-станица од страна на 10 члена делагација од Европската унија и партнерски држави во скрининг процесот на системот за заштита и спасување на РМ на покана од страна на Дирекцијата за заштита и спасување на РМ.
  • Одржан работен состанок со 2 претставници на донаторот Bjästa Skolan (Бјаста Сколан) од Кралството Шведска.
  • Извршени 2 работни посети на ДПД од страна на 5 претставници на нашиот меѓународен стратегиски партнер Operation Florian (Операција Флоријан) од Велика Британија, за подготовки на идните заеднички активности за унапредување и зајакнување на противпожарениот и спасувачки систем на РМ.

Во спроведувањето на програмските активности не се имплементираа неколку активности во насока на превентивно настапување и наша промоција пред сите образовните институции, бизнис секторот и државните и локални чинители од аспект на скромните финансиски средства со кои располага нашата организација.

ВОВЕД

Визија: Свети Николе да биде заедница на здрави, среќни и совесни граѓани кои активно придонесуваат за превенција од пожари и останати елементарни непогоди, градејќи хармонија помеѓу човекот и природата.

Мисија: ДПД Свети Николе работи на превенција за заштита на животната средина и природата од пожари и други штетни влијанија на доброволна основа преку едукација и координација на граѓаните при директни акции и интервенции.

ДПД Свети Николе ја остварува својата мисија преку организирање и спроведување на истражувања, анализи, тренинг сесии и спроведување на директни акции за справување со сите елементарни непогоди (пожари, поплави, земјотреси итн.).

Цели:

ДПД Свети Николе ги дефинираше следните цели за периодот 2018 – 2023 и тоа:

  • Изработка на стратегија за период 2020 – 2025;
  • Постигнување на долгогодишна финансиска одржливост;
  • Институционално јакнење на организацијата и
  • Градење на мрежа на доброволни противпожарни друштва во РМ.

Историјат

Доброволното противпожарно друштво Свети Николе работи и функционира од 1935 година и е непрофитна, хуманитарна организација од доменот на противпожарната заштита која функционира на доброволна основа. Има добро обучен тим, организациска структура и значително и релевантно искуство на локално и национално ниво во хуманитарни и противпожарни акции, учество во елементарни непогоди и сообраќајни несреќи. ДПД Свети Николе како хуманитарна организација од секогаш ја промовира толеранцијата и меѓусебната доверба помеѓу вклучените страни во инцијативите, како и во промената на јавниот дух со несебичната и активна посветеност за унапредување на јавното добро и доброто на целокупната заедница.

Мотивацијата за основање на нашата организација е настанувањето на големи пожари во град Свети Николе и околината во почетокот на 20 век. Увидувајќи ја потребата на заедницата од организиран пристап за локализирање на пожари, справување со поплави, земјотреси и други природни катастрофи, тогашната напредна младина, трговци, занаетчии и градските власти, заеднички пристапиле кон иницијатива за формирање на организиран противпожарен сервис, како резултат на таа иницијатива се формира нашата институција, која до денес во континуитет веќе 83 години ги реализира своите програмски активности. Во меѓувреме, перманентно работи за унапредување и зголемување на институционалните капацитети со цел изградба на модерен, стабилен и одржлив противпожарен систем во Свети Николе и пошироко на територијата на Република Македонија, преку подигање на јавната свест за граѓаните, особено младата популација за опасности од пожари, останатите природни непогоди и сообраќајни несреќи.

ДПД Свети Николе, посветено работи на програмска и структурална трансформација и градење на капацитетите на организацијата од аспект на квалитетот и квантитетот на човечките и материјално-техничките ресурси што е и една од целите кои ДПД се стреми да ги постигне на патот кон достигнување на мисијата за постоење на друштвото.

Сакаме да истакнеме дека од основањето до денес во матичната книга за евиденција на друштвото се регистрирани 328 членови, кои имаат земено активно учество во спроведувањето на сите програмски цели на нашето хуманитарно и непрофитно здружение.

Нашата организација нема платен персонал и сите активности ги спроведува на доброволна база. Органи на управување на ДПД Свети Николе се: Собрание, Управен, Надзорен одбор и Старешинство.

Сите активности на ДПД се фукусирани кон сите наши конституенти, сите релевентни локални и државни чинители, бизнис заедницата, невладиниот сектор и пред целокупното граѓанство на локално и централно ниво како крајни корисници од работењето на нашата институција.

РЕЗУЛТАТИ ОД СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ

Во календарската 2018 година ДПД работеше на имплементација на активностите од својата годишна програма финансирана од страна на единицата на локална самоуправа Свети Николе, примопредавање на опремата набавена во 2017 година од проектот за набавка на нова софистицирана противпожарна опрема финансиран од страна на Германската амбасада во Скопје, како и донации на материјално-технички средства и лично заштитна ПП-опрема од страна на домашни и меѓународни подржувачи и донатори. ДПД Свети Николе секоја година зема активно учество на состаноци, работилници и трибини за унапредување на капацитетите на институцијата и противпожарниот и спасувачкиот сектор во општината и во РМ, исто така спроведува разни акции за општо добро на заедницата на покана од партнерски организации и континуирано ги негува и унапредува 11 годишните релации со стратегискиот партнер Операција Флоријан од Велика Британија во градењето на модерен противпожарен систем во РМ.

За редовната годишна програма на ДПД Свети Николе за 2018 година финансиски подржана од страна на ЕЛС Свети Николе се реализираа следните активности:

Едукативен дел спроведени обуки:

  • 4 – работилници за противпожарна тактика за гасење на шумски пожари опфатени 8 члена на ДПД;
  • Обучени 5 члена за ризик факторите за настанување на сообраќајни несреќи, преку спроведување на 2 едукативни работилници во времетраење од 8 часа;
  • Спроведена 8 часовна едукативна обука на 10 учесници за запознавање на дишните апарати и начинот на нивната употреба при урбани пожари;
  • Едукација на 6 члена на ДПД за тактиките за пристап и запознавање и примена на опремата за интервенции при сообраќајни несреќи;

Практичен дел реализирани обуки:

  • Спроведена 8 часовна обука на 8 млади пожарникари за работа со 10,5 метарска скала, работа со ПП-млазници и ПП-црева (вшмукувачки и потисни);
  • 10 часовна обука на 2 тима од по 4 члена пожарникари – сениори за ракување со 13,5 метарска ПП-скала и работа со сите видови на пумпи со кои располага ДПД (на возила и преносни);
  • Трансферирана обука во времетраење од 10 часа за користење на дишни апарати на 3 тима од по 2 учесника.
  • Земање на активно учество на повеќе од 100 наши членови на повеќе од 20 директни противпожарни интервенции (шумски, урбани пожари и поплави) по повик на територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Свети Николе, ЕЛС Свети Николе и Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија.
  • Учество на 6 наши претставници на трибини и работилници на Кризниот штаб на општина Свети Николе за справување со сите видови на инциденти на териториите на општина Свети Николе и Лозово, организирани од страна на Центарот со управување со кризи на Република Македонија;

Примо-предавање на софистицирана противпожарна опрема и тоа:

Како резултат на проектот подржан од страна на Германската амбасада во Скопје за набавка на нова софистицирана ПП-опрема во 2017 година, истата беше предадена на 20 февруари од страна на заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија во Скопје Господинот Марко Акватичи и Госпоѓата Марина Серафимовска од економскиот оддел на амбасадата.

  • Пумпа за извлекување ма вода модел WT30 XK3 DE – за поуспешно справување со поплавите што настануваат на територијата на општина Свети Николе и пошироко на територијата на Република Македонија во случај на прогласување на елементарна криза.
  • Моторна противпожарна пила STIHL – MS 460R – специјален алат, чија намена е специфична за потребите на противпожарната служба во процесот на справувањето со пожари во при пребарување и спасување на лица при урбани пожари;
  • Мешина за вода со рачна пумпа модел V25-FELIX В25- Ранец 25л. – Мешина за вода која се нарамува на грб со носивост од 25 литри, истата се користи во процесот на супресија на шумските пожари на непристапен терен , односно нивно гаснење и контролирање.
  • Панорамска маска GALAXY за цело лице модел M9200NO и филтер за маска ABEK2 – заштитна маска со филтер при настапување на шумски пожари, која овозможува примарна заштита од топлина и во исто време ги апсорбира токсичните гасови, опасни за човечкиот организам, кои се ослободуваат при процесот на согорување.
  • Преносна радио станица воки-токи Midland GXT1000vp4 уред за подобрена комуникација и координација на екипите на ДПД-Свети Николе при интервенции на пожари и останатите елементарни непогоди.

Донации на материјално технички средства и лично заштитна ПП-опрема

  • Донирани клима уред VIVAX и Соларен панел од 260 литри од страна на донаторот Bjästa Skolan (Бјаста Сколан), училиште од Кралството Шведска, претставувана од Видан Насков и Ulf Thors (Улф Тхорс) и 2 ученички од погоре споменатото училиште.
  • Дониран ЛЕД телевизор HYUNDAI од страна на реномираниот ресторант „Мечкуевска куќа Пуже“ Свети Николе.
  • Компанијата АРМОР ПЛУС од Скопје ни донираше противпожарна опрема која се состоеше од 15 пара тактички ПП-чизми, 30 филтри за ПП-заштитните маски GALAXY, и 5 комплети на ПП-јакни за шумски пожари

Учество на состаноци, работилници, трибини и посети на делегации

  • Земено активно учество на 6 наши претставници на трибини и работилници организирани од страна на МЦМС, како и на програмата на Civica Mobilitas.
  • Извршена посета на нашата ПП-станица од страна на 10 члена делегација од Европската унија и партнерски држави во скрининг процесот на системот за заштита и спасување на РМ на покана од страна на Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија, по што беше доставена драфт верзија PEER извештајот, на кој нашата организација имаше 2 забелешки, во насока на унапредување на доброволниот противпожарен сектор во РМ и негово перманентно државно финансирање.
  • Извршени две заеднички посети 4 наши претставници и 5 членови на меѓународната партнер организацијата Operation Florian од Велика Британија на Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија (ДЗС на РМ), за спроведување на идни проекти за обуки на противпожарниот и спасувачкиот сервис во Република Македонија при што се одржаа 2 состанока со директорот на ДЗС на РМГосподинот Аднан Џаферовски и координаторот за меѓународна соработка Госпоѓата Валентина Атанасовска, на истите се зборуваше за идната имплементација на планот за заднички принципи на интероперабилност (JESIP- Joint Emergency Services Interoperability Principles) во рамките на 3-те итни сервиси во Република Македонија со полицијата, противпожарниот сервис и брзата помош за заедничко и координирано настапување при настанување на сообраќајни несреќи.

Учество во партнерски акции

  • Активно партнерско учество на 7 членови на ДПД во локална еко-акција „Мрдни со прст“ за разубавување на 4 локации во Свети Николе (Градски парк, Црква Свети Николај, СОУ „Кочо Рацин и ОУ „Кирил и Методиј“), организирана и спроведена од страна со Организација на жени на општина Свети Николе (ОЖОСВН) и другиот партнер во акцијата Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ Свети Николе, основано од ЕЛС Свети Николе.
  • Земено партнерско учество на 5 наши членови во кампањата „Мрдни со прст“, организирана и спроведена од страна на партнерската организација ОЖОСВН за собирањето на електричен отпад (фрижидери, ладилници, пегли, машини за перење, фенови, ваги, ТВ апарати, компјутери, телефони, батерии и слично), при што се одеше од дом до дом со нашето возило Форд Транзит на претходно пријавените граѓани од општините Свети Николе и Лозово, со цел подигнување на свеста кај граѓаните за штетноста од електронскиот и електричниот отпад, а воедно и важноста за неговото посебно селектирање од комуналниот отпад.

ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ ЗА 2018 ГОДИНА

Биланс на приходи и расходи

Ознака за АОП Опис Претходна година Бруто за тековна година Исправка на вредност за тековна година Нето за тековна година
201 Расходи I. МАТЕРИЈАЛНИ РАСХОДИ, УСЛУГИ И АМОРТИЗАЦИЈА (202 до 210) 405.366,00 65.194,00
202  Потрошени материјали 352.471,00 11.535,00
203 Потрошена енергија 28.416,00 27.428,00
204 Други услуги 24.479,00  21.906,00
210 Други материјални расходи 4.325,00
211 ДРУГИ РАСХОДИ (212 до 221) 3.342,00 14.872,00
212 Провизија за платен промет 3.086,00 2.907,00
214 Премии за осигурување 11.965,00
219 Други расходи 256,00
235 ВКУПНО РАСХОДИ (201+211+222+226+230+233+234) 408.708,00 80.066,00
236 Остварен вишок на приходи-добивка пред оданочување(250 минус 235) ако 250>235 15.351,00 60.286,00
238 Остварен нето вишок-добивка (236-237) 15.351,00 60.286,00
239 Вкупно (235+236) или (235+237) ако 237 е поголeмо од 236=252 424.059,00 140.352,00
244 Приходи од членарини, подароци, донации и приходи од други извори 383.251,00 125.001,00
247 Други приходи 26.667,00
248 Пренесен дел од вишокот на приходите од претходната година 14.141,00 15.351,00
250 ВКУПНО ПРИХОДИ

240+243+244+245+246+247+ 248+249

424.059,00 140.352,00
252 ВКУПНО (250+251)=239 424.059,00 140.352,00

 

Биланс на успех

Ознака за АОП Опис Претходна година Бруто за тековна година Исправка на вредност за тековна година Нето за тековна година
1 МАТЕРИЈАЛНИ СРЕДСТВА (004 до 007) (002+003+008+009) 2.161.380,00 2.161.380,00 216.138,00 1.945.242,00
3 АКТИВА ПОСТОЈАНИ СРЕДСТВА 2.161.380,00 2.161.380,00 216.138,00 1.945.242,00
6 Опрема 2.161.380,00 2.161.380,00 216.138,00 1.945.242,00
10 ПАРИЧНИ СРЕДСТВА,КРАТКОРОЧНИ

ПОБАРУВАЊАИ АКТИВНИ ПРЕСМЕТКОВНИ

СMETKИ (011+018+019+020+021+022+023+024)

15.351,00 60.286,00 60.286,00
11 ПАРИЧНИ СРЕДСТВА (012 до 017) 15.351,00 60.286,00 60.286,00
12 Жиро сметка 15.351,00 57.286,00 57.286,00
13 Благајна 3.000,00 3.000,00
42 ВКУПНА АКТИВА (001+010+028+035+038+041) 2.176.731,00 2.221.666,00 216.138,00 2.005.528,00
44 ПАСИВА – ИЗВОРИ НА ДЕЛОВНИ СРЕДСТВА 2.161.380,00 1.945.242,00
45 Деловен фонд 2.161.380,00 1.945.242,00
62 V. ПAСИВНИ ВРЕМЕНСКИ РАЗГРАНИЧУВАЊА (063 дo 065 15.351,00 60.286,00
64 Дел од вишокот на приходите пренесен во наредната година 15.351,00 60.286,00
69 ВКУПНА ПАСИВА (044+046+047+051+062+066+067+068) 2.176.731,00 2.005.528,00

 

Државна евиденција

Ознака за АОП Опис Претходна година Бруто за тековна година Исправка на вредност за тековна година Нето за тековна година
688 Приходи од членарини

(< или = на АОП 244 од БПР)

10.000,00
691 Приходи од донации

(< или = на АОП 244 од БПР)

343.251,00
692 Приходи од други извори

(< или = на АОП

244 од БПР)

56.667,00 125.001,00

 

Распоредување на резултатот
Ознака за АОП Опис Претходна година Бруто за тековна година Исправка на вредност за тековна година Нето за тековна година
351 А. ОСТВАРЕН НЕТО ВИШОК -ДОБИВКА 15.351,00 60.286,00
353 Б. ОСТАТОК ОД НЕТО ДОБИВКАТА ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ (351-352) 15.351,00 60.286,00
358  ѓ) Дел за пренос во наредната година 15.351,00 60.286,00

 

Структура на приходи по дејности
Ознака за АОП Опис Претходна година Бруто за тековна година Исправка на вредност за тековна година Нето за тековна година
2598 94.99 – Дејности на други организации врз база на зачленување, неспомнати на друго место 140.352,00