Презентација за дигитализација на противпожарната заштита во Скопје, 28 октомври 2026 година.

Учество на конференцијата „Дигитализација на противпожарната заштита“

На 28 октомври 2026 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, на конференцијата „Дигитализација на противпожарната заштита“ учествуваа по еден претставник на ДПД Свети Николе, на ТППЕ Свети Николе и на кол-центарот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) во Свети Николе. Настанот беше организиран од Сојузот на стопански комори на Македонија, преку Комората за…

Group photograph during the visit to the British Embassy in Skopje

Посета на Британската амбасада во Скопје: јакнење на соработката и еднаквите можности во пожарникарството

На 6 октомври 2026 година, претставници на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, предводени од командирот Кирил Михајлов, заедно со пожарникарки од Црна Гора и Хрватска и претставнички на британската хуманитарна организација „Operation Florian“, ја посетија Британската амбасада во Скопје. Делегацијата беше примена од господинот Даниел Филер (Daniel Fieller), заменик-шеф на мисијата. На средбата беа претставени…

Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

Нашиот тим обезбедува водоснабдување за полицискиот хеликоптер во Македонски Брод

Доброволното противпожарно друштво Свети Николе продолжува со активна поддршка во справувањето со големиот пожар на подрачјето на општина Македонски Брод. Нашиот тим, како дел од државниот Модул на тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување, веќе неколку дена е распореден на терен каде што обезбедува логистичка и оперативна поддршка за противпожарните сили.…

Осум пожарникари на ДПД Свети Николе четврти ден на екстремен терен во Македонски Брод

Тим од 8 пожарникари на ДПД Свети Николе, како дел од државниот Модул на тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), веќе четврти ден е ангажиран на екстремен терен на подрачјето на општина Македонски Брод, каде активно учествува во локализирањето на големиот пожар. Во услови на високи температури, тежок пристап, чад,…

Доброволните пожарникари мора да бидат дел од системот, не само последна надеж кога огнот ќе се разгори

На 8 јули 2026 година, ЛокалАктив – Вардар ја објави статијата „Доброволните пожарникари ‘фрлени’ во оган“, посветена на состојбите, предизвиците и потребата од посилна системска поддршка за доброволните противпожарни друштва во Македонија. Во статијата се отвора едно од најважните прашања за противпожарната заштита: доброволните пожарникари секоја година се на терен, често во најтешки услови, но…

Учество на панел-дискусија за противпожарна заштита и подготвеност при вонредни состојби

На 27.06.2026 година, претставник на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе учествуваше на панел-дискусија посветена на противпожарната заштита, организирана во рамки на настанот на ИПОС Македонија. Во рамки на излагањето беше ставен акцент на состојбите и предизвиците со кои се соочува противпожарниот сектор, особено во делот на шумските пожари и пожарите на отворен простор. Беше истакната…

Заедно да ги заштитиме шумите, животите и иднината од пожари

ДПД Свети Николе започнува кампања за набавка на специјализирано 4×4 противпожарно возило за шумски пожари и пожари на отворен простор. Потребни се 240.000 денари, а кампањата трае до 30.07.2026 година.

УЧЕСТВО НА ВЕЖБАТА “DURIOS 1” И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ “ENSURE”

Во периодот од 15 до 17 мај 2026 година, претставници од Доброволното противпожарно друштво Св. Николе учествуваа во вежбата “Durios 1”, која беше во организација на “E.P.O.M.E.A” Грција и меѓународната федерација “ELIT MISSION EUROPEAN FEDERATION”. Вежбата се одржа во комплексот Порто Крас, Солун, Грција. Целта на вежбата беше пребарување и спасување во случај на природни…