Презентација за дигитализација на противпожарната заштита во Скопје, 28 октомври 2026 година.

Учество на конференцијата „Дигитализација на противпожарната заштита“

На 28 октомври 2026 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, на конференцијата „Дигитализација на противпожарната заштита“ учествуваа по еден претставник на ДПД Свети Николе, на ТППЕ Свети Николе и на кол-центарот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) во Свети Николе. Настанот беше организиран од Сојузот на стопански комори на Македонија, преку Комората за…

Делегацијата на ДПД Свети Николе со домаќинот CPIP пред презентацијата на ENSURE во Темишвар.

ENSURE мобилност во Темишвар: нови знаења, соработка и благодарност до домаќините

Тричлена делегација на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе учествуваше на мобилноста за партнерско учење во рамките на проектот ENSURE, која се одржа од 12 до 16 октомври 2026 година во Темишвар, Романија, како дел од WP4 – Twinning Programme. Наш домаќин беше партнерската организација CPIP – CENTRUL PENTRU PROMOVAREA INVATARII PERMANENTE TIMISOARA ASOCIATIA, чиј тим…

Group photograph during the visit to the British Embassy in Skopje

Посета на Британската амбасада во Скопје: јакнење на соработката и еднаквите можности во пожарникарството

На 6 октомври 2026 година, претставници на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, предводени од командирот Кирил Михајлов, заедно со пожарникарки од Црна Гора и Хрватска и претставнички на британската хуманитарна организација „Operation Florian“, ја посетија Британската амбасада во Скопје. Делегацијата беше примена од господинот Даниел Филер (Daniel Fieller), заменик-шеф на мисијата. На средбата беа претставени…

Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

Gender participation, fire service 2026

Во рамки на активностите посветени на родовото учество во противпожарната служба, во Свети Николе се одржа 2 работилница за жени пожарникарки, со размена на искуства и добри практики со професионални пожарникарки од OPERATION FLORIAN од Обединетото Кралство. Видеото пренесува важна порака дека жените во Македонија се недоволно застапени во противпожарниот сервис, но дека нивното учество…

Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

ENSURE Train the Trainers – Emergency Scenarios

ENSURE во Малага: партнерска средба и обука за инструктори

Од 1 до 4 септември 2026 година, тричлена делегација на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе активно учествуваше на партнерската средба и на програмата за обука на инструктори (Training of Trainers) на проектот ENSURE во Малага, Шпанија. Средбата им овозможи на партнерите да ги поврзат дигиталните алатки за обука со практичните потреби на тимовите за итен…

ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби

ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби На 27 јуни 2026 година, Кирил Михајлов, командир на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, учествуваше на панел-дискусија во Скопје посветена на противпожарната заштита и подготвеноста за вонредни состојби. Во рамки на дискусијата беа разгледани дел од клучните предизвици со кои се соочуваат противпожарните…

Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE

Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE Доброволното противпожарно друштво Свети Николе продолжува да придонесува кон целите на проектот ENSURE преку своето директно учество во сложени интервенции на шумски пожари во Северна Македонија. За време на големиот пожар во Општина Македонски Брод, тимот на ДПД Свети Николе беше ангажиран како…

ENSURE – ТРИГОДИШЕН ПРОЕКТ ЗА ЈАКНЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ИТНИТЕ СЛУЖБИ

Од ноември 2024 година, започнавме со имплементација на тригодишниот проект ENSURE, кој има за цел да ја зголеми подготвеноста, издржливоста и иновациските капацитети на итните служби – пожарникари, тимови за пребарување и спасување, како и поддржувачкиот персонал. Климатските промени сè почесто предизвикуваат екстремни временски непогоди и шумски пожари во Европа, создавајќи нови предизвици за службите…