Техничка интервенција – извлекување на отпадна вода

На ден 03.05.2022 година екипа на ДПД Свети Николе беше на техничка интервенција за извлекување на отпадна вода и фекалии од пречистителна станица – Свети Николе.   Отвори видео на следниот линк: https://www.facebook.com/dpd.org.mk/videos/285528397127419

Посета на противпожарната станица на ОКТА АД Скопје

Денес, 11.03.2022 год..членови на ДПД Свети Николе беа во работна посета на противпожарната станица на ОКТА АД Скопје. На посетата беа презентирани противпожарните возила и целокупната противпожарна и материјално-техничка опрема со која располага оваа противпожарна станица. Исто така преку показна вежба, пожарникарите  го демонстрираа начинот на работа и пристапот при интервенција. На посетата исто така…

Годишен, наративен и финансиски извештај за 2021 год.

Подолу можете да го преземете Годишниот, наративниот и финансискиот извештај за 2021 година од Доброволното Противпожарно Друштво ДПД – Свети Николе. ВОВЕД ЗА НАС Ние сме доброволна, непрофитна, хумана организациJа од доменот на противпожарната заштита, коJа во континуитет работи и функционира од 1935 година. Со голема љубов и посветеност ние гаснеме пожари за зголемување на…

Донација на ПВЦ прозори и ПВЦ врата

Огромна благодарност за донацијата од страна на општествено одговорната компанија “АЛЕКС Прозори” – Свети Николе. Со оваа донација, која се состои од осум ПВЦ прозори и една ПВЦ врата, сменети се сите прозори и влезната врата на целиот спрат.

Посета во резиденцијата на британската амбасадорка

Посета во резиденцијата на британската амбасадорка, нејзината Екселенција Рејчел Галовеј, за поддршка и развој на доброволните противпожарни друштва во Македонија како и идна продлабочена соработка со противпожарниот сектор од Обединетото Кралство. * https://mobile.twitter.com/RGallowayUK/status/1478747678347567108?fbclid=IwAR3GqL6CtOUzKP7onvmrV2RAawtOUjfrzUV4-YsoakQOBGkbYr4YULARXkY  

Примопредавање на софистицирана ПП опрема

Како резултат на проектот подржан од страна на Германската амбасада во Скопје за набавка на нова софистицирана ПП-опрема во 2021 година, истата беше предадена на 12 јануари 2022 година од страна на амбасадорката на Сојузна Република Германија во Скопје Анке Холштајн. Повеќе информации на следниот линк: https://dpd.org.mk/donatsija-za-tri-dobrovolni-protivpozharni-drushtva/  

Донација на машина за перење алишта

Огромна благодарност до нашиот брат Видан Насков, Bjästaskolan и Ulf Thors од Кралството Шведска кои континуирано не’ поддржуваат во изминатите 10 години преку зголемување на капацитетите на друштвото за подобрување на условите за работа на нашето членство!

Донација за три доброволни противпожарни друштва

На 22.10.2021 г. амбасадорката Анке Холштајн и претседателите на ДППД „Свети Николе“, Благој Тосевски, ДППД „Бајрам Мифтари“, Артан Демири и ДППД „Дојран“, Стојанчо Шулев потпишаа договор за донација на техничка и заштитна опрема во вредност од 22.900,- евра. Амбасадорката Холштајн нагласи:  „Волонтерството е китот на едно општество“ и им се заблагодари на доброволните пожарникари за нивната…

Потпишување на Кодекс на граѓански организации

Промоција и потпишување на Кодекс на граѓански организации, организиран од страна на Цивика мобилитас и МЦМС. Повеќе информации на следниот линк: https://civicamobilitas.mk/vesti/30-godini-graganski-aktivizam-za-podobro-opshtestvo-za-site/

Донација за три доброволни противпожарни друштва

На 22.10.2021 г. амбасадорката Анке Холштајн и претседателите на ДППД „Свети Николе“, Благој Тосевски, ДППД „Бајрам Мифтари“, Артан Демири и ДППД „Дојран“, Стојанчо Шулев потпишаа договор за донација на техничка и заштитна опрема во вредност од 22.900,- евра. Амбасадорката Холштајн нагласи: „Волонтерството е китот на едно општество“ и им се заблагодари на доброволните пожарникари за нивната…